Ливерпул шокиран од Свонси: Јирген Клоп доби добра шлаканица од фенерџијата!

Фенерџијата Свонси приреди вистинско изненадување на првиот натпревар од 22. коло во Премиер лигата, славејќи со 2-3 на гостувањето против Ливерпул на „Енфилд роуд“.

Јирген Клоп и „црвените“ добија вистинска шлаканица од последнопласираниот тим во лигата, не успевајќи и во трет едноподруго натпревар да стигнат до победа.

Љоренте со двата гола во 48. и во 52. минута приреди вистински шок за домашните фудбалери носејќи предност од 0-2. Но, по сето тоа „црвените“ успеаја да се вратат во игра, и со погодоците на Фирмино во 55. и во 69. минута стигнаа до израмнување.

Кога се чинеше дека ќе следи завршен удар на домашните, следеше нов шок од Свонси кој дојде до 2-3 со голот на Сигурдсон.

All Goals & highlights – Liverpool 2-3 Swansea… by mohtv

По овој пора, Ливерпул остана на третата позиција со 45 бода, седум помалку од водечкиот Челси, а исто колку и второпласираниот Тотенхем.

Се вчитува...