Ливерпул скапо ја плати победата во Барнли

Јирген Клоп има причина за загриженост откако Ливерпул скапо ја плати синоќешната победа во Барнли по повредата што ја заработи Џо Гомез. Стандардниот дефанзивец доби шанса на позицијата десен бек и при еден налет во противничкиот шеснаесетник заработи незгодна повреда, остана да лежи на теренот и мораше на носилки да биде изнесен.

„Како што стојат работите, ќе мораме да се снаоѓаме без Џо Гомез, и тоа не за кратко време. Не сакам да зборам предвреме и да прогнозирам додека не ги добијам резултатите од прегледите, но првичните прогнози не се добри за нас. Станува збор за проблем со скочниот зглоб, тоа е се што можам да кажам во моментов“  – истакна Клоп.

Гомез беше меѓу најстандардните фудбалери на Ливерпул сезонава, откако Клоп го ротираше како централен дефанзивец и десен бек, две позиции на кои англискиот репрезентативец одлично се снаоѓаше. Едно е јасно, тој сигурно ќе го пропушти клучниот дуел од Лигата на шампионите против Наполи што е на програмата наредниот вторник на „Енфилд“.

Се вчитува...