Ливерпул славеше против Барнли, втор пораз на Челси

Ливерпул ја оствари 12.победа во Премиер – лигата, совладувајќи го Барнли на гости со 1-3. „Црвените“ ја продолжуваат потерата по Манчестер сити и повторно заостануваат само два бода на врвот на табелата.

Џек Корк го доведе Барнли во водство во 54.минута, но потоа Ливерпул успеа да возврати тројно. Милнер го израмни резултатот, Фирмино донесе пресврт, а Шаќири го потврди триумфот на тимот на Јирген Клоп.

„Волците“ го гризнаа Челси и победија со 2-1. Тоа втор пораз на лондонските „сини“ во шампионатот. Лофтус – Чик погоди за предност на Челси, но во вториот дел Вулверхемптон стигна до триумф со головите на Раул Хименез и на Диого Хота.

Евертон и Њукасл ремизираа 1-1, а со идентичен резултат заврши и дуелот меѓу Фулам и Лестер.

Се вчитува...