Ливерпул ќе игра во финалето на годинашниот Лига куп на Англија откако во реванш дуелот од полуфиналната пресметка убедливо славеше против Тотенхем со 4-0.
По оние 0-1 за Тотенхем на првиот меѓусебен меч во полуфиналето, „црвените“ сега тотално доминираа на „Енфилд роуд“ за убедлив пласман во финалето.
Гакпо со голот во 34. минута донесе 1-0, а потоа во 51. минута Салах погоди од пенал за 2-0.
Собослаи во 75. минута зголеми на 3-0, а Ван Дајк во 80. минута стрелаше и за 4-0.
Финалето во Лига купот против Њукасл ќе го игра на 16 март против Тотенхем на „Вембли“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА