Ливерпул со мегапонуда: 180 милиони евра за Марко Асенсио!

Европскиот вицепрвак Ливерпул има намера сериозно да се засили за следната сезона. Менаџерот Јирген Клоп има огромна желба на „Олд трафорд“ да го доведе Марко Асенсио, младиот фудбалер на Реал Мадрид. Како што тврди шпанскиот медиум „Мундо Депортиво“, Ливерпул е подготвен да го урне клупскиот рекорд и да понуди фантастични 180 милиони евра за ангажман на Асенсио.

Но, тој е врзан со долгогодишен договор со „кралскиот клуб“, а отштетната клаузула е недостижни 700 милиони евра. Асенсио во Реал Мадрид пристигна во 2015 година за сума од 3,5 милиони евра, од редовите на Мајорка. Во меѓувреме израсна во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа и се наоѓа во составот на Шпанија на Светското првенство во Русија.

Се вчитува...