Ливерпул со понуда што не се одбива до Вернер

Ливерпул ги интензивираше преговорите со Тимо Вернер, во обид што поскоро да го осигура потписот на германскиот репрезентативец. Трката со време се однесува на клаузулата од само 30 милиони евра во договорот со Лајпциг, што може да се активира најдоцна до април 2020 година, поради што Јирген Клоп и клупските директори на „црвените“ настојуваат што поскоро да ги договорат личните услови со самиот фудбалер.

Британските медиуми најавуваат дека преговорите се влезени во завршна фаза, откако актуелниот европски првак му понудил одлични услови нa Вернер, петгодишен договор со плата од осум милиони евра по сезона, со бонуси за секој освоен трофеј во дресот на Ливерпул. Голгетерот веќе извесно време „флертува“ со „црвените“, па се очекува во следните десетина дена да ги прифати условите, за трансферот да биде официјално потврден.

Тимо Вернер е меѓу најзаслужните за извонредната сезона на Лајпциг, тим што се наоѓа на прагот на четвртфиналето во ЛШ и моментно е второпласиран во Бундес-лигата со само еден бод заостанување зад лидерот Баерн. Вернер сезонава одигра 23 средби за својот тим, притоа постигнувајќи 21 гол во елитното германско фудбалско друштво.

Се вчитува...