Раководството на Ливерпул ќе ја достави својата четврта понуда до Баер Леверкузен за Флоријан Вирц во следните 24 часа . Во петокот, „Црвените“ испратија официјална понуда од 100 милиони фунти во фиксни услови плус 13 милиони фунти во бонуси. Германскиот клуб одговори негативно, инсистирајќи на 126,4 милиони фунти или 150 милиони евра.
Сепак, тимот од „Енфилд“ нема намера да го достигне тоа ниво и ќе достави понуда за која јасно ќе нагласи дека ќе биде нивната последна официјална понуда. Се очекува да биде за 118 милиони фунти во бонуси, што би бил британски трансфер рекорд. Ставот е дека Леверкузен ќе ја прифати понудата.
Според „Дејли Мејл“, двата клуба моментално разговараат за деталите за бонусите, а тимот од Леверкузен сака тие да бидат повисоки.
Ливерпул, исто така, ќе продолжи со трансферот на Милош Керкез од Борнмут во наредните денови . Откако ќе бидат комплетирани трансферите од Германија и Унгарија, Ливерпул ќе почне да ги балансира сметките со голем број трансфери. Дарвин Нуњез, Федерико Киеза, Харви Елиот и Костас Цимикас веројатно ќе бидат продадени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА