Раководството на Ливерпул ја одби и третата понуда од Кристал Палас за услугите на нивниот дефанзивец, Мамаду Сако. Според британскиот медиум „Скај Спортс“, сумата изнесувала 25 милиони фунти, но „редси“ не ни помислуваат да прифатат помалку од 30 милиони фунти.
27-годишниот француски интернационалец е веќе познато лице на „Селхарст Парк“, во вториот дел од минатата сезона беше позајмен токму на овој клуб, но под водство на Сем Алардајс. Очигледно е дека и новиот предводник, Франк Де Бур ги цени неговите квалитети, но ќе мора да ги прифати барањата на Ливерпул, со цел да ги реши проблемите во задната линија.
Сезоната за Де Бур не почна според планираното, Кристал Палас има катастрофален старт со три порази на три средби во Премиер-лигата, со шест примени погодоци и без успешна реализација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА