Ливерпул стана првиот англиски тим со сите шест победи во групите во ЛШ

Во оваа 2021/22 сезона во Лигата на шампионите, Ливерпул влезе во историјата. „Црвените“ станаа првиот тим кој со сите шест победи во групата се пласираше во 1/8 финиалето во Лигата на шампионите.

На четата на Јирген Клоп тоа им успеа по победите над Милан, потоа над Порто, па две победи над Атлетико, повторно совладан Порто, и на крајот Милан за 18 бодови во групата.

Освен Ливерпул, со 18 бодови заврши и Ајакс, кој се најде на првото место после Спортинг, Борусија Дортмунд и Бешикташ. Со максимален учинок може да заврши и Баерн Минхен доколку утре ја совлада Барселона.

Се вчитува...