Ливерпул стигна до трофеј во Азија

Ливерпул се закити со трофеј во пред-сезоната откако тимот на Јирген Клоп триумфираше на турнирот во Азија на кој учествуваа четири англиски премиерлигаши.

Откако во полуфиналето го совлада Кристал палас со 2-0, тимот на Ливерпул денеска беше подобар и од екс-шампионот Лестер, триумфирајќи со 2-1. „Лисиците“ дури и први поведоа преку Слимани, но потоа на сцена стапи Филипе Кутињо. Бразилскиот ас најпрвин му асистираше на Салах при израмнувачкиот погодок, за пред крајот на полувремето самиот да го комплетира пресвртот со извонреден удар од петнаесетина метри што заврши зад грбот на голманот на Лестер.

Leicester VS Liverpool – 2-1 All Goals… by juniorrosenfeld

Се вчитува...