Ливерпул тоне: Брентфорд го „собра скалпот“ на „црвените“

Брентфорд приреди големо изненадување во 9. коло од Премиерлигата славјеќи со 3-2 против Ливерпул на домашен терен.

Аутара донесе преност за домашниот тим уште во 3. минута од средбата, а Брентфорд ја зголеми предноста на 2-0 со голот на Шаде во 45. минута. До крајот на полувремето Ливерпул сепак успеа да ја намали негативата со голот на Керкрез во петтата минута од судиското продолжение.

Предноста од два гола за Брентфорд ја врати Тијаго со гол во 60. минута од белата точка. Салах успеа да ја затресе мрежата во 89. минута, но само за ублажување на поразот.

Со четвртиот пораз во низа Ливерпул падна на шесттата позиција на табелата, додека Брентфорд се искачи на десеттата со 13 освоени бодови.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...