Ливерпул тргна со 7-0, деби на Кеита и на Фабињо

Ливерпул славеше со убедливи 0-7 на гостувањето против Честер, во првиот контролен натпревар што актуелниот европски вицешампион го одигра летово.

Јирген Клоп не можеше да смета на ударното трио Мане – Салах – Фирмино, но оние кои добија шанса ја оправдаа неговата доверба. Ливерпул во двете полувремиња настапи со различни единаесет фудбалери, а своето деби во црвениот дрес денеска го имаа двете летни засилувања, Фабињо и Наби Кеита.

Младиот Вилсон со два гола донесе водство од 0-2 по првите 45 минути, за потоа во вториот дел меѓу стрелците да се запишат и Стариџ (два гола), Милнер, Кент и Ингс.

Се вчитува...