Ливерпул тргнува по Тимо Вернер

Европскиот првак Ливерпул има фантастично напаѓачко трио Салах – Фирмино – Мане, а менаџерот Јирген Клоп сака да ја засили навалната линија и со Тимо Вернер од Лајпциг. Германскиот репрезентативец има договор до 2023 година, но и отштетна клаузула од „само“ 30 милиони евра. Тоа нема да претставува голем проблем за англискиот клуб, а во Вернер вреди да се вложи.

23-годишниот напаѓач за Лајпциг има 116 настапи и 71 постигнат гол. Во репрезентацијата на Германија има 29 учества и 11 погодоци.

Се вчитува...