Ливерпул уште најмалку еден месец без Ловрен

Повредата што Дејан Ловрен ја заработи за време на СП 2018 во Русија дефинитивно не е воопшто наивна, откако беше обелоденето дека искусниот дефанзивец се уште не е ниту близу до враќање на терените. Првичните прогнози беа дека Ловрен ќе може да му се стави на располагање на Јирген Клоп веднаш по репрезентативната пауза, но последните информации велат дека тој сигурно ќе биде „во аут“ за преостанатите септемвриски натпревари.

Ова е проблем ако се земе во предвид пеколниот распоред на Ливерпул во овој период, со оглед на фактот дека во наредните четири кола од Премиер-лигата „црвените“ ќе гостуваат на Тотенхем и Челси, а дома ќе го пречекаат Манчестер сити, а во меѓувреме во ЛШ ќе се сретнат со ПСЖ и со Наполи.

Џо Гомез одлично се снајде како партнер на Ван Дајк на стартот од сезонава и англискиот репрезентативец ќе продолжи да настапува во стартниот тим на „црвените“ и во овој пеколен период.

Се вчитува...