Ливерпул во 87. минута испушти победа против Лидс и Алиоски (ВИДЕО)

Лидс сосема заслужено стигна до бод против Ливерпул во Премиерлигата, и покрај тоа што до последните минути од средбата имаше негатива од еден гол.

Но, тимот на македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски, по одлично одиграно второ полувреме, во 87. минута со голот на Диего Љоренте успеа да стигне до конечни 1-1…

Leeds [1] – 1 Liverpool – Diego Llorente 87′ from r/soccer

Лидс можеше и многу порано да дојде до израмнувањето, но Бамфорд погоди греда, а Роберт пропушти 100% шанса од која потешко беше да се промаши.

Ливерпул, пак, беше подобар во првото полувреме на дуелот кога и дојде до предност од 0-1 со голот на Мане во 31. минута.

Leeds 0 – [1] Liverpool – Sadio Mané 31′ from r/soccer

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски одигра квалитетен натпревар, се до 80. минута кога беше заменет од Клих. Ова реми дополнително го стопира чекорот на Ливерпул кон водечките четири позиции на табелата кои водат во Лигата на шампионите следната сезона.

 

Се вчитува...