Откако сериозната повреда на Александар Исак го остави менаџерот Арне Слот во неизвесност, Ливерпул размислува за изненадувачка шестмесечна позајмица за напаѓачот на Пари Сен Жермен, Гонсало Рамос. Додека се борат да ја продолжат својата одлична форма во Премиер лигата, „Црвените“ итно бараат краткорочно решение за да го премостат периодот на опоравување за нивното рекордно засилување.
Ливерпул и онака има проблем со формата, а повреда на Исак може дополнително да ја отежни мисијата кон наоѓањето на победничката формула. Исак ќе биде надвор од терените неколку месеци, па сега Слот ќе мора да бара решение.
Ливерпул наводно бара решение со краткорочна позајмица од јануари до крајот на сезоната, а еден од изборот е и Рамос. Португалецот би можел да биде достапен на позајмица. Сепак, прашање е колку ПСЖ е подготвен да го пушти, затоа што оваа сезона напаѓачот се покажа како добра резервна опција во нападот, со оглед дека постигна девет голови за само една полусезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

