ЛК: Победи на Фиорентина и Лех, „ремија“ во Базел и Гент

Лех Познањ направи голем исчекор кон 1/4 финалето во Лигата на Конференциите, откако го совлада со 2-0 тимот на Ѓургарден во првиот меч. Полјаците со головите на Милиќ и Марчвински успеаја да дојдат до оваа предност, која ќе треба да ја бранат на гостувањето во Шведска.

Фироентина дури во 69. минута го скрши отпорот на турскиот Сиваспор. Барак успеа да го постигне единствениот гол на „виолетовите“ за победа на овој натпревар.

Во Базел се одигра интересен натпревар, во кој Слован Братислава успеа да извади нерешено 2-2, и да се стекне со добра шанса да продолжи во следната фаза. Швајцарскиот тим поведе со голот на Амдуни. Веднаш потоа Медведев израмни за Слован, а Зеќири во 40 минута донесе нова предност за Базел. Абубакари во 70. минута ги постави конечните 2-2.

Нерешено беше и во Гент, каде истоимениот тим одигра 1-1 со Башакшехир. Водеа Турците со гол на Окака, а Орбан израмни во 35. минута.

Се вчитува...