Лофтус Чик пред вратите на „Сан сиро“

Милан е доста активен во преодниот рок, барем кога се во прашање трансфер шпекулациите. Се поврзуваше со многу играчи, но се уште не е реализиран ниту еден трансфер.

„Росонерите“ беа во преговори со Маркус Тирам, но тој заврши во Интер. Се вели дека се чека конкретизација за трансферот на Даичи Камада, но првото засилување би можело да биде Рубен Лофтус-Чик.

Наводно, играчот претходно ги договорил личните услови со Милан. Се чека договор со Челси. Наводно, Милан ќе му плати на Челси 16 милиони евра, плус четири милиони преку бонуси. Тој би бил првото засилување на Милан, а она што може да биде проблем е што нема пасош на Европската унија, а Росонерите можат да доведат само двајца такви играчи. Затоа што ако Камада е навистина блиску до официјализирање, тој би бил втор, што значи дека сега не би можел да дојде никој друг кој нема пасош на Европската Унија.

Се вчитува...