Логроњо го претстави засилувањето од Вардар

Само една година по доаѓањето во Вардар, Домен Сикошек Пелко и официјално го напушти таборот на „црвено-црните“, комплетирајќи го трансферот во редовите на Логроњо Ла Риоха.

Шпанскиот клуб денеска го официјализираше доаѓањето на словенечкиот пивот, кој воопшто не ги оправда очекувањата во ланската сезона во дресот на Вардар. Самото доаѓање од австриската лига беше изненадување само по себе, но Пелко целосно потфрли добивајќи помала минутажа и од Русинот Горпишин.

Новата управа на Вардар јасно му стави до знаење дека не се смета на неговите услуги, а од неколкуте понуди на маса Словенецот ја избра онаа за преселба во Шпанија. Трансферот на Пелко во Логроњо се официјализира во истиот ден кога „вардарци“ го претставија неговиот наследник, Полјакот Валчак од германскиот второлигаш Либек.

Се вчитува...