ЛОИ: Аргентинците шокирани од Австралија на стартот во Токио

Олимписката селекција на Австралија запиша изненадувачка победа од 2-0 против Аргентина на првиот натпревар на фудбалскиот турнир на ЛОИ 2020 во Токио.

И покрај тоа што Аргентина ја носеше фаворитската улога пред пресметката, Австралијците сосема заслужено дојдоа до триумфот најавен уште во 14. минута со погодокот на Вејлис.

За Австралија дополнително беше олеснета задачата по црвениот картон за Ортега во финишот на првото полувреме, па во вториот дел Австралија заокружи на конечни 2-0 со голот на напаѓачот на Мелбурн сити, Марко Тилио во 80. минута.

Се вчитува...