ЛОИ: Ѓоковиќ без проблеми со експресна победа против Боливиецот Делијен

Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ без никакви проблеми во два сета славеше против Боливиецот Уго Делијен на стартот од тенискиот турнир на Летните олимписки игри.

Ѓоковиќ во првиот меѓусебен дуел со 139-от тенисер на АТП листата славеше со 6-2 и 6-2.

Српскиот тенисер е и главниот фаворит за освојување на златото на тенискиот турнир на ЛОИ. Во својата кариера досега има само едно олимписки одликување, бронзата на ЛОИ во Пекинг, 2008 година.

Во второто коло на турнирот Ѓоковиќ ќе игра против Јан Ленард Штруф.

Се вчитува...