ЛОИ: Индија по 41 година конечно доби медал и застана на подиумот

Индија е најуспешната олимписка репрезентација во хокеј на трева во машка конкуренција, но од Москва во 1980 година тие чекаа нов медал во овој спорт, па сега конечно го дочекаа во Токио, каде ја совладаа Германија со 5-4 во мечот за бронза.

Германците поведоа во втората минута со голот на Оруз. Симранјет Синг израмни во 17. минута, а со головите на Велен (24) и Фурка (25) Германија дојде до предност од 3-1. Но, Индија одговори со два брзи гола, прецизни беа Хардик Синг (27) и Харманпрет Синг (29).

Рупиндер Пал Синг (31) им го донесе првото водство на Индијанците, а со својот втор гол Симраџит Синг ја зголеми таа предност на два гола (5-3). Германците успеаја само да ја намалат разликата до крајот на играта, а за конечните 4-5 стрелец беше Виндфедер (48).

Индиските хокејари ја збогатија својата ризница за олимписки медали со трета бронза. Германија е втората најтрофејна репрезентација на Олимпијадата со четири златни, три сребрени и четири бронзени медали. Во финалето Австралија и Белгија ќе се борат за златото.

Се вчитува...