ЛОИ-КОШАРКА: Дурант им се одмазди на Французите и ги доведе Американците до злато

Во финалето на олимпискиот кошаркарски турнир во Токио, САД забележа победа над Франција 87-82 и освои нов златен медал.

Французите не успеаја да подготват уште едно чудо. Не успеаја уште еднаш да ги победат Американците и да стигнат до првото олимписко злато. Овој пат, Американците беа на висина на задачата и покажаа кој е кој. Попатно, тие им се одмаздија на „Триколорите“ за почетниот пораз на турнирот во групната фаза.

САД продолжија да доминираат на Олимписките игри, освојувајќи го четвртото злато, и само на Олимписките игри во Атина не стигнаа до најсветлиот медал во 1992 година.

Французите дадоа се од себе за да останат во игра за златото до крајот, но освен стартното водство, од кои најголема беше разликата од шест поени (12-6), во текот на цечиот меч постојано го бркаа фаворитот. Американците имаа најмногу +14 (71-57) во финишот од третата четвртина, но Франција успеа да се закани за последен пат на 10 секунди пред крајот кога дојде до -3. Сепак, немаше драма и златото остана сопственост на компанијата предводена од Грег Поповиќ.

Кевин Дурант беше најдобар кај победниците со 29 поени, со шест скока, додека Татум го следеше со 19 поени и седум скока. На другата страна, Фурние и Гобер постигнаа по 16 поени.

За Американците ова е вкупно 16-то злато на Олимписките игри, додека Французите стигнаа до третото сребро, по Олимписките игри во Лондон во 1948 година и Сиднеј во 2000 година, кои воедно се и нивните единствени медали.

Се вчитува...