ЛОИ – РАКОМЕТ: Франција преку Бразил до четвртфинале, Русија подобра од Шпанија

Ракометарките на Франција го совладаа Бразил со 29-22 во директниот натпревар за пласман во четвртфиналето на Летните олимписки игри во Токио. Французинките уште во првото полувреме ги решија сите дилеми околу победникот откако на пауза заминаа со плус шест 17-11. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај.

Русија ја совлада Шпанија со 34-31 и со тоа ги стави во големи проблеми Шпанките, бидејќи ако Унгарија ја совлада Шведска на која ништо не и значи натпреварот од последното коло тие ќе бидат елиминирани. По израмнетото прво полувреме, Русинките направија предност на стартот на вториот дел која ја задржаа до крајот.

Јужна Кореја одигра нерешено со Ангола 31-31 и со тоа се стави во пол-позиција за последното место кое води во четвртфиналето во групата А. Кореја може да биде елиминирана само ако Јапонија во последното коло ја совлада Норвешка која е во иста ситуација како Шведска и веќе го има обезбедно првото место во А сегментот.

Се вчитува...