ЛОИ – РАКОМЕТ: Французинките конечно се разбудија и ја „преслушаа“ Холандија

Ракометарките на Франција стигнаа до изненадувачки убедлив триумф над Холандија од 32-22 во четвртфиналниот натпревар од олимпискиот турнир на игрите во Токио. Французинките кои не воодушевија во групната фаза не беа фаворитки на овој меч, но одиграа неверојатно и со тоа се чекираа меѓу четирите најдобри на игрите.

Најдобар поединец во победничкиот табор беше Лаура Флипс со шест гола, додека кај поразените се истакна Ангела Малестајн со пет гола.

Франција во полуфиналето ќе игра против Шведска, додека во вториот полуфинален дуел ќе се сретнат Норвешка и Русија.

Се вчитува...