ЛОИ – РАКОМЕТ: Јужна Кореја само лесен тренинг за Швеѓанките

Ракометната репрезентација на Шведска е третиот учесник во полуфиналето на женскиот турнир на Летните олимписки игри во Токио откако во четвртфиналниот меч ја декласираа Јужна Кореја со 39-30.

Швеѓанките уште од самиот старт почнаа фуриозно и веќе на полувреме имаа голема предност од 21-13. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 39-30. Дури три ракометарки на Шведска заврши со по шест гола, Блум, Робертс и Стромберг, додека кај Корејките Канг постигна осум гола.

Во полуфиналето Шведска го чека подобриот од мечот меѓу Франција и Холандија.

Се вчитува...