ЛОИ – РАКОМЕТ: Норвешка спречи сензација на Унгарија, Црна Гора немаше сила за изненадување против Русија

Ракометарките на Норвешка спречија сензација во четвртфиналето на женскиот олимписки турнир во Токио откако славеа над Унгарија со 26-22. Унгарките го одиграа можеби и најдобриот натпревар на игрите во кој педесет минути беа во егал со големиот фаворит. Сепак, искуството на Норвежанките дојде до израз во последните десет минути кога успеаја да го скршат противникот и на крајот да стигнат до триумф од 26-22.

Кари Братсет Дале со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај Унгарките Шандра Сачик заврши со пет.

Претходно Црна Гора немаше сила за сензација против Русија која славеше со 32-26. Ана Вјахирева со осум гола беше прво име кај Русинките, додека поранешната вардарка Полина Кузњецова додаде пет. Кај Црногорките недоволни беа десетте гола на уште една поранешна вардарка, Јованка Радичевиќ и осумте на Џурџина Јауковиќ.

Се вчитува...