ЛОИ – РАКОМЕТ: Познати се четвртфиналните парови – скандинавско дерби, Франција помина најдобро

Групната фаза од ракометниот турнир на Летните олимписки игри беше комплетирана денеска со што беа осигурани и последните патници во следната фаза, а по мечот помеѓу Данска и Шведска и решени сите дилеми за четвртфиналните парови.

Четвртфиналните парови се:

Франција – Бахраин
Египет – Германија
Шпанија – Шведска
Данска – Норвешка

Навидум најдобро помина Франција која за противник во следната фаза ја доби селекцијата на Бахраин, а блага фаворитска улога може да и се препише и на Германија која ќе се сретне со Египет, но во еден натпревар фаворитот е познат само на парче харија.

Очекувањата се далеку поинтересно да биде на мечевите помеѓу Данска и Норвешка, односно Шведска и Шпанија кои ќе ни приредат борба до последните атоми.

Четвртфиналните натпревари ќе бидат одиграни на 3. август.

Се вчитува...