ЛОИ – РАКОМЕТ: Русија славеше над Норвешка за финале против Франција

Женската ракометна репрезентација на Русија ќе има шанса за игра за златниот медал на Олимписките игри во Токио против селекцијата на Франција откако славеше во полуфиналниот натпревар против Данска со 27-26.

Руските ракометарки беа подобриот противник на денешниот меч во кој неизвесноста траеше само до финишот на првото полувреме кога при резултат 11-11 следеше серија од 3-0 на „зборнаја“ за предност од 14-11 на полувремето. Добрата игра на Русија продолжи и во продолжението од мечот, а во еден момент Русинките имаа и предност од шест поени (16-22). Следеше опуштање кое го искористија ракометарките на Данска за враќање на еден поен негатива при самиот крај на мечот, но недоволно за пресврт и победа.

Се вчитува...