ЛОИ – РАКОМЕТ: Скандинавското дерби за Шведска

Последното коло од групната фаза на ракометниот турнир на Олимписките игри донесе скандинавско дерби помеѓу Данска и Шведска по кое на победа од 33-30 се радуваа Швеѓаните.

Шведска беше подобриот противник во вториот дел од првото полувреме во кое преку игра во серии успеа да стигне до предност од 4 гола (13-17). Подобрата игра на „сино-жолтите“ продолжи и во вторите 30. минути во кои постојано ја диктираа играта, одолеаја на налетот на Данска која во еден момент стигна и до негатива од два поени (21-23) и ја забележаа четвртата победа, притоа нанесувајќи го првиот пораз на Данците на Игрите.

Карлсбогард и Сандел беа првите имиња во репрезентацијата на Шведска со по шест гола, додека Хансен постигна шест гола за Данска.

Се вчитува...