ЛОИ-РАКОМЕТ: „Црвената фурија“ го сруши и последниот сон на Парондо и Египет, Шпанија ја освои бронзата

„Црвената фурија“ ја запре селекцијата на Египет предводена од Роберто Гарсија Парондо, по еден тежок и непредвидлив натпревар, Шпанија успеа да ја освои бронзата откако оствари победа од 33-31.

Првото полуверме навести дека до крајот на овој меч ќе гледаме супериорна игра и врвни тактички надмудрувања од двете страни. Првите 30 минути припаднаа на Египет, па на пауза се замина со 15-14 за ракометарите на Парондо.

Во второто полуверме се играше гол за гол, а во последната третина од мечот Шпанците успеаја да направат разлика од неколку гола, а иако Египјаните на момент се чинеше дека се вратија во игра, сепак минималната предност „црвената фурија“ умешно ја сочува до крајот на овој дуел, а ваквата одлична игра им донесе трето место на ЛОИ во Токио.

Кај Шпанија најдобар стрелец беше Алекс Душебаев со 5 гола, додека Египет го предводеше Ел-Ахмар со 8.

Се вчитува...