Лојалниот Кулушевски: Останувам во Тотенхем и ако испаднеме

Дејан Кулушевски покажа дека и во модерниот фудбал има примери на целосна лојалност, откако шведскиот репрезентативец најави дека е решен да остане во Тотенхем и следната сезона, дури и доколку тимот испадне од Премиер-лигата.

„Спарси“ имаат сезона за заборав и моментно се наоѓаат на 18. место кое води во Чемпионшип, доколку лондонскиот клуб испадне јасно е дека голем дел од првотимците ќе бараат трансфери, но тоа не е случај со Кулушевски. Крилниот офанзивец кој има и македонски корени јасно стави до знаење дека евентуалното несакано испаѓање на клубот само ќе ја зголеми неговата желба да остане.

„Останувам во Тотенхем, тоа е сигурно. Не сакам ни да помислам на испаѓање од Премиер-лигата, верувам во опстанок, но дури и ако се случи тоа црно сценарио, мојата желба за останување ќе биде уште поголема. Искрено ми е жал што серијата повреди ме спречи да дадам свој придонес сезонава, сето тоа ме прави порешителен да останам и да дадам се од себе за Тотенхем следната сезона, без разлика дали во Премиер-лигата или во Чемпионшип“, порача Кулушевски.

Се вчитува...