Фудбалерите на Јувентус славеа со 0-1 на гостувањето кај Милан на „Сан сиро“ во дербито на италијанскиот фудбал како дел од последниот меч од денешната програма во 9. коло од Серија А.
Голем проблем за „росонерите“ настана во 40. минута од првото полувреме кога младиот дефанзивец на „росонерите“ Малик Тио во момент заостана зад Мојсие Кеан по што мораше да го фаулира па заработи директен црвен картон.
Гостите тоа го искористија во второто полувреме кога преку Локатели во 64. минута стигнаа до водство од 0-1 кое на крајот значеше и три бода.
AC Milan 0 – [1] Juventus – Manuel Locatelli 63’
byu/MarcoRuss insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА