Локомба е најновото засилување на Арсенал

Арсенал продолжува со засилувањата за наредната сезона откако „топчиите“ денеска го официјализираа доаѓањето на Алберт Самби Локонга.

Станува збор за младински репрезентативец на Белгија кој настапува во средниот ред, а во Арсенал пристигна од редовите на Андерлехт. „Топчиите“ платија почетни 17,5 милиони евра за услугите на Локонга, а трансферот би можел да порасне до 22 милиони евра доколку се активираат неколкуте клаузули во договорот меѓу клубовите.

„Алберт е многу интелигентен фудбалер кој покажа огромна зрелост при настапите за време на неговиот фудбалски развој. Добро е трениран од Винсент Компани, кој со најголеми комплименти го опишува овој фудбалер. Веруваме дека Локонга е подготвен за следниот чекор напред во кариерата и мило ни е што тоа ќе се реализира во Арсенал“, изјави Микел Артета.

Белгиецот ќе го носи дресот со број 23 во Арсенал, со името Самби на грбот.

Се вчитува...