Локомотива го претстави Ибиши – „Очекувам да бидеме шампиони на Хрватска“

Хрватскиот вицепрвак Локомотива Загреб го претстави Џемал Ибиши како ново засилување за следната сезона. 19-годишниот офанзивец вели дека нетовиот трансфер од Вардар во Локомотива треба да му биде отскочна даска за кариера во Европа, а оптимистички гледа на претстојниот шампионат и посакува новиот клуб да ја освои шампионската титула, покрај Динамо Загреб, Ријека, Осијек и Хајдук Сплит.

„Очекувам да бидам на свое ниво, да и помогнам на екипата и на крајот да бидеме шампиони. Одлична работа е што влеговме во квалификациите за Лигата на шампионите и ќе дадеме се од себе во европските искушенија. Ги гледав повеќе од половина натпревари на Локомотива во минатата сезона, ми се допаѓа стилот на игра и верувам дека добро ќе се вклопам. Хрватската лига е подобро, поквалитетна, на повисоко ниво од македонската, поблиска е до европскиот фудбал. Тоа е одлична отскочна даска за кариера во Европа, што исто така е мој мотив за дојдам во Локомотива“, изјави Џемал Ибиши за официјалниот сајт на хрватскиот клуб.     

 

Се вчитува...