Реми на лондонската пресметка во Даблин, Арсенал остана без двајца првотимци

Челси и Арсенал ремизираа 1-1 на пријателскиот натпревар што двата лондонски ривали го одиграа во Даблин. „Сините“ долго време беа во водство откако уште од 5. минута поведоа со голот на Рудигер, но радост на „топчиите“ во самиот финиш им донесе Лаказет со погодокот за израмнување.

Пенал-рулетот беше решен во шестата серија, откако по десет прецизни удари од белата точка прв промаши Лофтус Чик, по што Ивоби биеше во мрежата и му донесе радост на Арсенал.

Унаи Емери има причина за загриженост бидејќи на десетина дена до стартот на сезоната остана без двајца првотимци, Рамзи се повреди при загревањето и воопшто не настапи, додека Колашинац заработи повреда на мускулот и мораше да биде заменет.

Останува надежта на „топчиите“ дека повредите на овие играчи не се премногу сериозни и дека Рамзи и Колашинац ќе се рехабилитираат навреме за првото коло од новата сезона и пресметката со шампионот Манчестер сити.

Се вчитува...