Лондонските фудбалски клубови повторно пред празни трибини

Лондонските фудбалски клубови вклучувајќи ги и тие кои играат во Премиер-лигата, ќе мора повторно домашните натпревари да ги играат пред празни трибини, откако во градот се прогласени построги противепидемиски мерки, како резултат на зголемениот број на заразени од коронавирус.

Според новите мерки, ниту еден спортски настан во Лондон нема да може да се одржува со присуство на публика. Таа вест е нов тежок удар за фудбалските клубови на кои од 2. декември им беше дозволено на домашните натпревари да имаат по 2.000 гледачи на трибините.

„Разочарани сме. Имавме навивачи, а сега сме во неповолна положба. Видовме колку им значи на фудбалерите поддршката од трибините и колку е различна атмосфера кога има дури и само 2.000 гледачи. Не велам дека и кажувам на владата што треба да прави, но сигурен сум дека можевме да контролираме бројка од 2.000 навивачи на трибините“, изјави менаџерот на Челси, Френк Лампард. 

Се вчитува...