Лопетеги: „Бејл може да помогне да биде пополнета празнината по заминувањето на Роналдо“

Герет Бејл може да помогне да биде пополнета празнината што остана по заминувањето на Кристијано Роналдо, смета тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги. Велшкиот напаѓач беше поврзуван со неколку клубови  и многу често беше спомнувано неговото заминување од „Сантјаго Бернабе“, особено проади тоа што ја загуби првотимаската позиција кај Зинедин Зидан. Но, сега заминувањето на Роналдо во Јувентус отвора сосема нова преспектива за Бејл.

„Герет е среќен во Реал, тој е неверојатен играч со многу квалитети. Тој може да помогне да биде пополнета празнината“ – изјави Лопетеги на прес конференцијата во Мајами во пресрет на дуелот на Реал со Манчестер Јунајтед.

Лопетеги го отфрли шпекулациите околу можното заминување на Бејл во Премиер-лигата.

„Не зборувам наоколу за хипотетички ситуации. За Бејл ова е фантастична можност да го покаже талентот. Ова е почеток за интересен пат за нас“ – вели новиот тренер на кралскиот клуб.

Герет Бејл дојде во Реал Мадрид во 2013 година , со клубот има четири титули во Лигата на шампионите, беше стрелец на гол во последното финале, против Ливерпул, во мај годинава.

 

 

 

Се вчитува...