Лопетеги го посакува Нголо Канте во Реал Мадрид

Европскиот клупски првак Реал Мадрид го именува Хулен Лопетеги за нов тренер по заминувањето на Зинедин Зидан, а тој сака да го освежи составот на „кралевите“ во пресрет на новата сезона. Една од неговите големи желби е францускиот репрезентативец и член на англискиот премиерлигаш Челси, Нголо Канте. Тој е еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во светот и Лопетеги го посакува на „Сантијаго Бернабеу“, а подготвен е да ги ослободи Матео Ковачиќ и Маркос Љоренте и да ги вложи сите пари во ангажман на Французинот.

Мисијата за Нголо Канте не е нималку наивна, со оглед дека ќе бидат потребни околу 100 милиони евра, а во трката за неговите услуги се и Барселона и Пари Сен Жермен. Тој одигра 89 мечеви за Челси, а сака да си замине од „Стемфорд бриџ“ бидејќи овој тим нема да настапува во Лигата на шампионите следната сезона.

Се вчитува...