Лопетеги: Имавме очајна вечер во Севилја

Реал Мадрид го доживеа првиот пораз во Ла Лига оваа сезона, и тоа убедлив, со 3-0, на гостувањето против Севилја. Тренерот Хулен Лопетеги признава дека неговиот тим одиграл очајно и дека ништо не функционирало во играта на „кралевите“.

„Имавме очајна вечер во Севилја, ништо не функционираше како што замисливме пред натпреварот. Сакавме да одиграме силен пресинг, да ги принудиме брзо да ни ја предаваат топката, но тие постигнаа два брзи гола, и потоа беше многу потешко. Имавме многу грешки и во додавањата, не бевме добро позиционирани на теренот. Згора на се, се повреди и Марсело. Но, го оставаме ова зад нас, треба брзо да се насочиме на следните предизвици. Барселона? Не размислуваме за другите екипи, лигата е долга и сите ќе губат на одредени натпревари“, изјави Хулен Лопетеги, тренерот на „кралскиот клуб“.

Барселона и Реал Мадрид се наоѓаат на двете водечки позиции на табелата со по 13 освоени бода, пред Атлетико Мадрид со два бода помалку.

Се вчитува...