Лопетеги: Интер е комплетен тим, ги почитуваме, но сакаме да победиме

Тренерот на Севилја, Хулен Лопетеги, ја препушта улогата на фаворит на Интер пред вечерашното финале во Лигата на Европа.

„Тие се комплетен тим како и сите кои ги водел Антонио Конте во кариерата. Имаат многу опции во нападот и одлична одбрана која не му дава многу шанси на противникот. Ќе влеземе во натпреварот со многу почит, но сепак наша цел е победата“, изјави Лопетеги.

Севилја пет пати се радуваше на титулата во Лигата на Европа, а ниту еднаш нема загубено во финалните мечеви. Од друга страна Интер три пати стигаше до трофејот. Мечот кој ќе се игра во Келн е закажан за вечерва во 21 часот.

Се вчитува...