Лопетеги: Ковачиќ и Модриќ ќе бидат среќни во мојот Реал

Реал Мадрид се соочува со хрватски проблеми. Лука Модриќ и Матео Ковачиќ сакаат да си заминат од „Сантијаго Бернабеу“. Првиот има одлична понуда од Интер и сака да се пресели во Италија, додека вториот бара поголема минутажа, затоа што минатата сезона не одигра ниту 1.000 минути вкупно во дресот на „кралскиот клуб“.

Но, новиот тренер Хулен Лопетеги се обидува да ја смири ситуацијата и вели дека двајцата Хрвати ќе бидат среќни во ’неговиот Реал’.

„Ковачиќ и Модриќ ќе бидат среќни во мојот Реал. Бидете сигурни во тоа. Не знам за каков бојкот зборувате, тој тренира како и обично. Нема проблеми со Матео, тој ми е драг фудбалер и среќни сме што е еден од нас“, изјави Хулен Лопетеги.

Сепак, не е се така сјајно во соблекувалната на Реал Мадрид. Лавината тргна со заминувањето на Кристијано Роналдо…

 

Се вчитува...