Лопетеги: Модриќ останува во Реал Мадрид, ќе ни се приклучи на 8 август

Европскиот првак Реал Мадрид нема намера да го продаде својот важен играч за врска, Лука Модриќ, ова лето. Тоа го потенцираше и новиот тренер Хулен Лопетеги, кој истакна дека Хрватот треба да се приклучи на тренинзите на „кралевите“ на 8 август.

Италијанскиот калчолигаш Интер е сериозно заинтересиран за Модриќ, но претседателот Флорентино Перез јасно стави до знаење дека „нероаѕурите“ ќе треба да ја платат отштетната клаузула вредна 750 милиони евра за да го купат, бидејќи Реал Мадрид не сака да го продаде.

„Претседателот категорично го објасни ставот на Реал Мадрид. Модриќ е фантастичен играч, една од нашите најважни алки во тимот и јас го очекувам според договорот да се приклучи на тренинзите на 8 август. Ќе видиме во каква физичка состојба се наоѓа и потоа ќе одлучам дали ќе настапи на Суперкупот на УЕФА против Атлетико Мадрид, на 15 август“, објасни Хулен Лопетеги.

Се вчитува...