Лопетеги не завршил со шопингот, сака врвен напаѓач и квалитетен дефанзивец во Реал Мадрид

Европскиот првак Реал Мадрид не завршил со летните засилувања. Барем ако се прашува новиот тренер Хулен Лопетеги. Тој посакува уште две засилувања, и тоа навалната и во одбранбената линија. „Кралевите“ ангажираа супер-засилување на голманската позиција доведувајќи го Тибо Куртоа од Челси, но Лопетеги му ставил до знаење на Флорентино Перез дека му се потребни уште две нови имиња.

Шпанскиот стратег не е задоволен од Хесус Валјехо, кој најверојатно повторно ќе мора да замине на позајмица. Младиот стопер се повреди и ќе мора да паузира најмалку шест седмици, а Лопетеги не сака да остане со минимален број на решенија во одбраната. Тоа што сите го очекуваат по заминувањето на Кристијано Роналдо е Реал Мадрид да доведе и нов напаѓач. Долг период се најавуваше доаѓањето на Еден Азар, но најверојатно тој ќе остане на „Стемфорд бриџ“. Ова повторно отвора можност за Роберт Левандовски, но и за Единсон Кавани. Еден од нив би можел да биде одлично решение за пополнување на напаѓачката позиција на „Сантијаго Бернабеу“.

 

Се вчитува...