Лопетеги: Ова е фантастична група, момци со неверојатен карактер

Севилја успеа да избори ново финале во Лигата на Европа. По триумфот со 2-1 над Манчестер Јунајтед, фудбалерите на Севилја во финалето го очекуваат подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Интер и Шахтјор Доњецк.

Тренерот Хулен Лопетеги е воодушевен од изданието на своите избраници.

„Ова е една фантастична група со која уживам да работам. Тие имаат неверојатен карактер и никогаш не се предаваат. На таков начин и успеаја да изборат ново финале. Среќен сум и горд што ги тренирам“, изјави еуфорично Хулеп Лопетеги по пласманот на Севилја во финалето на Лигата на Европа.

Се вчитува...