Лопетеги пресече: Куртоа ќе дебитира против Леганес

Тибо Куртоа од Челси се пресели во Реал Мадрид, но првите три средби (две во Примера и онаа во Супер-купот на Европа) ги мина како резерва на Кејлор Навас. Белгиецот конечно ќе добие шанса како прв голман на европскиот првак, и тоа на вечерашниот натпревар против Леганес на кој тренерот Лопетеги реши да го пресели Кејлор Навас на клупата за резерви, а шанса да му даде на 35 милиони евра вредното засилување.

Костариканецот се сели на клупата само два дена откако беше избран за најдобар голман во ЛШ минатата сезона, но со доаѓањето на Куртоа беше јасно дека Навас повеќе нема да биде прва опција. Лопетеги се уште нема соопштено дали планира да ги ротира своите голмани за Лигата на шампионите, нешто што го правеа дел од неговите претходници во Реал, но за Куртоа најважно ќе биде вечерва да се покаже во вистинско светло, и да докаже дека е засилување какво што „кралевите“ веќе извесно време бараа како долгорочно решение за голманската позиција.

Се вчитува...