Лопетеги стана селектор на Катар

Поранешниот тренер на Реал Мадрид , Севиља , Вулверхемптон и Вест Хем, Хулен Лопетеги, повторно ќе биде селектор на репрезентација.

Шпанскиот тренер, кој ја водеше „Фуријата“ од 2016 до 2018 година, сега е на чело на Катар, а неговиот договор е до 2027 година.

58-годишниот Лопетеги ќе се обиде да ги квалификува домаќините на последното Светско првенство на Мундијалот во 2026 година во САД, Мексико и Канада.

Тој го заменува друг Шпанец, Луис Гарсија, на чело на Катар. Катарците речиси сигурно ќе мора да поминат низ дополнителна квалификациска рунда, а во нивната група остануваат уште две рунди, далеку зад првите две екипи на табелата, Иран и Узбекистан.

Лопетеги претходно се поврзуваше со селекторската клупа на Белгија, но до договор не дојде, а Белгија го одбра Руди Гарсија.

Се вчитува...