Лопетеги: Жално е тоа што го прават Барса и Џирона, Ла Лига не смее да се сели во САД

Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги вели дека е категорично проти идејата на челниците на Ла Лига неколку натпревари во сезоната во иднина да се играат во САД.

Челниците на Ла Лига само поради маркетинг сакаат преселба на неколку натпревари во САД. Веќе е договорен еден меч „преку барата“, во јануари кога Барселона и Џирона ќе играат во САД.

Поголемиот дел клубови се против оваа идеја и не го кријат разочарувањето што Барселона и Џирона се согласија да одат во Америка. Синоќа се огласи и тренерот на кралскиот клуб кој порача дека едноставно е тажно тоа што го прават Барса и Џирона…

„Зборував веќе за ова и не ми се допаѓа идејата на Ла Лига. Мислам дека сите клубови треба да играат само на свој терен, а не некагде во Америка. Тажно е тоа што го прават каталонските клубови Барселона и Џирона и што воопшто ја прифатија оваа смешна идеја на Ла Лига“ – вели Лопетеги.

Се вчитува...