Лорен Блан ја сака клупата на „Камп Ноу“?

Францускиот стратег Лорен Блан би можел да биде наследникот на Луис Енрике на клупата на Барселона, откриваат шпанските медиуми. Тој е без ангажман од минатото лето кога го напушти тимот на Пари Сен Жермен, а досега се поврзуваше со многу клубови, но не прифати ниту еден предизвик. Сепак, Барселона е клуб кој не се одбива, а Блан имал начелни разговори со раководните луѓе на каталонскиот гигант.

Барселона во изминатите два месеци ја загуби формата, а прв на удар секако е тренерот Луис Енрике. Утре каталонскиот состав му гостува на Атлетико Мадрид, многу значаен дуел за понатамошниот тек од шампионатот и трката за титулата, а доколку Барса не успее да слави уште повеќе ќе се зголемат шпекулациите за промена на тренерската позиција.

Се вчитува...