Љоренте паднал од велосипед и ја скршил раката

Шпанскиот интернационалец Фернандо Љоренте доживеа голема непријатност на летниот одмор. Тој паднал од велосипед и ја скршил раката, а поради ова би можел да го пропушти и стартот на новата сезона во Премиер – лигата. Љоренте сега го очекува хируршки зафат, со оглед дека повредата воопшто не е наивна.

„Се работи за сериозна скршеница на раката која наведува и на оперативен зафат, па клунот ќе мора да изработи посебна програма за подготовки за Љоренте. Се надеваме дека ќе биде подготвен за стартот од сезоната“, соопштија од Свонси.

Љоренте на летниот одмор возел велосипед со својата сопруга и одеднаш паднал, а незгодата завршила со сериозна скршеница на раката. Новата сезона во Премиер – лигата почнува на 12.август, а Свонси во првото коло ќе игра против Саутемптон.

Се вчитува...